Последниов период поп пејачката е активна со многу активности како на музички план, така и во светот на модата што дефинитивно може да се очекува од таква личност која секогаш внимава на својот стајлинг каде и да се појави таа е во прв план на мета на медиумите.
Таа неодамна потпиша договор со два мошне познати фирми во Македонија кои се застапници во поглед на модата и убавината, тие се “Атеље Ива” од Скопје и еден од познатите бутици во Куманово “Биртекс” кој се долги години имиња во светот на модата во Македонија.
“Со модната креаторка Ива сме долги пријатели така што се дојде на идеја да станам дел од нејзиното атеље на познати модни детаљи т.е. фустани итн, така што сигурна сум дека соработката ќе продолжи и во иднина исто така сум благодардна и на модниот бутик “Биртекс” од Куманово кој ме удостоиа со нивните добро познати колекции кој се мошне добро познати како во Куманово и пошироко”, изјави Зои Блаж.
Со ова може јасно да се заклучи дека Зои Блаж наскоро ќе ја гледаме во две потполно нови изданија што не е случајно и да застане во иднина на модната писта која ќе и годи да биде добар претставник на она што значи мода и убавина.
Она што ни го откри како ексклузива на музички план е повторно соработката со познатиот продуцент и композитор Александар Масевски каде припремаат нешто ново и поразлично, а до тогаш уживајте во новиот изглед на Зои Блаж, каде и нејзините соработници потврдуваат дека не погрешиле во нивниот избор кога станува збор за мода.
Подготви: Редакција Музика24