Веќе подолг период нема ништо ново од нејзе кога е музиката во прашање, но Тарчуловска на својата фан страна постираше фотографии од снимањето на нејзиниот нов спот, на голема радост на сите нејзини фанови.
“Финиширани се завршните подготовки на мојот нов спот. Денес во ново-изградената македонска црква Св. Никола во Маинц-Германија се снимаше завршниот дел за мојот нов спот. Црква Св. Никола во Маинц-Германија ги отвори портите и ме пречека мене и мојот тим, каде што го снимав завршниот дел од мојот нов спот. Голема благодарност до сите кои ми помогнаа за снимањето на мојот спот! Очекувајте ја мојата нова песна и спот, се надевам дека на секого ќе му се допадне и никого нема да остави рамнодушен!!!”, напиша Соња на својата фан страна на фејсбук. Некои од сцените се снимени и во Скопје, на скопското кале. За изгледот на Тарчуловска за ова видео се погрижија Make Up: Небојша Пешевски и Hairstyle: Studio Allure – Дарко Петковски. Во продолжение погледнете ја ексклузивната малата фото-галерија од снимањето на новиот спот на Соња Тарчуловска.
Подготви: Редакција на Музика24