Музика на кирилица

25 години од смртта на Владимир Нејашмиќ – Бато (Видео)

Годинава се навршуваат 25 години од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби познатиот македонски композитор, текстописец и пејач, Владимир Нејашмиќ – Бато. Во далечната 1995-та година на патот Охрид – Скопје, вракајќи се од летен одмор се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби Бато, во чиј паркиран автомобил крај патот удри друго возило. Во трагичната несреќа животот покрај него го загубија и неговата сопруга и петгодишната ќеркичка.

Бато беше познат како автор на музиката на многу поп, фолк, детски песни и композиции и стихови за нив, меѓу кои и текстот на легендарната “Свирете ја зајди, зајди” со која Олгица Христовска победи на “Макфест” во 1992-та година. Тој е исто така “виновен” за многубројните хитови кој ден денес се пејат и се евергрини, тука ќе ги споменеме: “Сврти се во круг” – Лидија Кочовска (“Макфест 1990), “Моја гитара” – Банкрот Блуз Бенд (Макфест 1992), “Црвени рози за вас мадам” – Томислав Маниќ во 1992 година, “Зелени очи” – Вики Среброва во 1994 година, “Ноќна птица” – Дејан Кузмановски и Петар Ренџов во 1995 година, “Вљубена јас сум жена” – Благица Павловска во 1995 година, “Тина” – гр. Фора (ТВ Фест 1987)… меѓудругото, тој има работено и за голем број на музички фестивали од кои ќе ги споменеме: “Гоце Фест”, “Златно славејче”, “Профест – фестивал на пејачи аматери”, “Фолк Фест Валандово”, “Цветници”, “Фестивал на војнички песни и чекорници”, “Тетовски фолк фелиграни”, “Тетовски фолк фест”, “Сребрен ѕвон”, “Серенада на широк сокак”, а бил дел и од создавањето на повеќето музички албуми на многу познати македонски музички имиња.

Да не ги заборавиме големите имиња на македонската музичка сцена.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: