Музика на кирилица

2Бона и Тајзи го промовираа новиот летен хит “Југ” (Фото+Видео)

“Југ” е насловот на новата песна која дечките од 2Бона и Тајзи ја промовираа во текот на вчерашниот ден. Музички проект кој што ние сакале или не слободно можеме да кажаме дека се однесува на младите кои заминуваат од нашата Македонија. На моменти можеби емотивно, но сепак искрено и реално доловено, токму онака како што и треба.

Ова е прва соработка на 2Бона со Тајзи и тие заедно ја создаваат и музиката и текстот на оваа најнова песна, која веруваме ќе биде еден од многуте летни хитови кои ќе се пуштаат во идниот период. Видеото го реализираше можеби еден од најмладите, но со сигурност еден од најдобрите режисери во Македонија, за кој и допрва ќе се дознава и слуша, Томислав Живковиќ.

Истото е снимано во различни градови и делови од Македонија… Железничката станица во Скопје, Марковите кули во Прилеп, Охрид, Стоби, и на неколку полјани низ нашата преубава Македонија. Во видеото освен 2Бона и Тајзи, се појавува и Гордана Винчиќ уметник која и реално ја има нацртано сликата која се појавува во видео спотот.

А за што поточно пеат 2Бона и Тајзи во новата песна “Југ”, погледнете и слушнете во продолжение:

Подготви: Марија Поповска

Фото: Томислав Живковиќ, Јордан Ѓорески

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....