Музика на кирилица

50% исполнетост во салите, но влез само со примени 2 дози вакцина

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор во театри, кина, филхармонија и други објекти, со што максималната исполнетост на салата се зголемува на 50% проценти од капацитетот на салата наместо досегашните 30% исполнетост.

Дополнително се воведува условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....