Битолскиот портал апла.мк дознава дека уапсениот за запалувањето на бугарскиот културен клуб во Битола, е популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски.
Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара! – напиша на фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Алабаковски неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија.
Извор: апла.мк