Неодамна, познатиот македонски музичар Владимир Четкар снимаше видео спот низ повеќе локации низ Охрид за неговата најнова песна “A New Day”. Видеото е во реализација на Бојан Симјановски.
Што се однесува до неговата најнова песна, таа е комплетно авторско дело на Четкар кој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач (вокал и гитара). Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото “Electrical Audio” на познатиот Американски продуцент Стив Албини (познат по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и т.н. ) и во “Hi Fi Studios” во Милвоки.