Музика на кирилица

Eye Cue пеат дека сепак им е забавно (Видео)

По успешната 2015-та во која групата се здоби со голем број награди и признанија, меѓу кои и прва награда на “Скопски Фестивал” со песната “Убава”, која сеуште е хит, Eye Cue ви ја најавува музичката авантурата пролет/лето 2016 година со новиот видео запис за новата песна “Сепак ми е забавно”.

DunafkaВидео записот го изработи Горила Филмс, а музиката, текстот и аранжманот се комплетно дело на лидерот на бендот Бојан Трајковски. Во спотот се забавуваше и Дунавка Трифуновска која одлично се снајде во улогата на “Birthday girl”, бидејќи на денот на снимањето всушност и беше роденден. Групата Eye Cue ја започнува и сезоната на настапи и концерти во идниот период низ Македонија.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: