Музика на кирилица

Александар Митевски и Драган Спасов-Дац направија YouTube емисија “Уште ми фалиш” (Видео)

Познатиот македонски композитор, продуцент и музичар Александар Митевски, заедно со својот долгогодишен пријател актерот Драган Спасов-Дац со кои години наназад имаат издадено голем број на заеднички песни, стартуваа забавна он-лајн емисија која може да се погледне само на YouTube, барем сега засега.

Тие заедно од 6-ти декември го стартуваа својот нов проект насловен “Уште ми фалиш”, кој што се емитува само на глобалната мрежа YouTube со почеток во 20 часот и 30 минути.

Стартувајќи го новиот урбано-забавен проект посветен на Градот Скопје и скопските маала, во ретро фазон и со интересна концепција, секоја недела во инст термина и на истото место ќе имаме можност да слушнеме како бил и функционирал некогаш животот во Скопје, да се запознаеме со голем број на познати македонски музички и јавни личности кои биле и се уште се дел од скопското живеење.

Во првата емисија од новиот проект “Уште ми фалиш”, гледачите на истата се запознаваат со Ѓокица Лукаревски, познат македонски глумец и доајен на македонското актерство. Тој во првата емисија се навраќа на детството, на тоа како некогаш бил животот во она старо Скопје, кое ние за жал никогаш нема да го видиме. За тоа каде живеел, детските игри, првите љубови… и што уште не.

После многубројните карантински снимени дуети, песни и соработки, овој серијал на емисии е секако добредојден за сите оние кои сакаат седејќи на интернет да се опуштат и да погледнат едно добро и квалитетно видео каде може да дознаат и научат нешто повеќе и за нашето Скопје и за тоа како треба и како некогаш можело, а кога можело тогаш, веруваме би можело и денес, утре…

Можеби ќе ве интересира: