Музика на кирилица

Александра Јанева го промовира нејзиниот прв албум “Срце отвори” (Фото+Видео)

Познатата македонска поп пејачка Александра Јанева после седум години активно учество на македонската музичка сцена со настапи на познати реномирани музички фестивали, концерти, музички манифестации… конечно го промоцира свој прв деби албум насловен “Срце отвори”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, на албумот ќе има 13 песни работени со најренимираните македонски композитори, текстописци и аранжери, меѓукои ќе ги споменеме Ристо Самарџиев, Владимир Дојчиновски-Дојчин, Огнен Неделковски, Слаткар, Ѓорѓи Крстевски, Јана Бурческа и многу други.

Сите објавени песни на албумот се речиси од почетокот на нејзината кариера, само неколку од нив се издвојуваат со оглед на тоа што тие се изведувани на дел од македонски музички фестивали. И додека таа ја чека официјалната промоција на нејзиниот прв албум кој што би се одржала по стивнување на пандемијата, Јанева за Музика24 открива дека истиот е со хуманитерен карактер и дека сите средства од продажбата ќе бидат наменети и донирани за болните од Ковид-19, на кои вистински им е потребна помош за лекување.

И додека и ние ја очекуваме официјалната промоција на албумот на Александра Јанева, не би било воопшто лошо да се потсетиме на една од нејзините најголеми хитови, а воедно и нејзина омилена песна “Врати ми го срцето”.

Можеби ќе ве интересира: