Музика на кирилица

Александра Трајческа не сакајќи ја освои македонската публика (Фото+Видео)

И покрај тоа што „Макфест“ е веќе зад нас, на големо se зборува и се промовираат песни кои навистина го задржаа вниманието како кај публиката, новинарите, така и кај македонската јавност. Една од оние кои ја остави публиката без зборови беше и убавата, оргинална, талентирана и емотивна прилепчанка, Александра Трајческа.

Таа со својата композиција „Не сакам“, пред се ја освои штипската публика и жири-комисијата кои гласаа да се најде и на втортата ревијална макфестовска вечер, а веднаш потоа имаше и позитивни и негативни коментари. Но зар сите треба да не сакаат, нели?!

„Не сакам“ е комплетно дело на композиторката Ана Пандевска која за оваа прилика ја подготви музиката, текстот и аранжманот.

„Прекрасна публика, совршена организација и преубава сценографија. Задоволна сум од тоа како ја изнесов песната и благодарна сум на штипската публика која како публика со изграден музички вкус ме награди со своите гласови, и се разбира на директорот на фестивалот Роберт Саздов за пружената можност. Слушнете ја мојата песна и пишете ги вашите впечатоци. Вашата поддршка за мене значи непроценлив поттик .Ви благодарам од срце“, кажа младата Александра.

Таа во Прилеп и прилепските кругови е позната како силен и моќен вокал и вокал кој што може да ја отпее речиси секоја посериозна песна, секој хит кој често знаеме да го слушнеме на некоја од радиостаниците.

Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете настапот од втората ревијална макфестовска вечер каде Александра повторно ја отпеа својата „Не сакам“.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: