Првиот македонец кој успеа да ги сруши сите рекорди на гледаност во музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд”, а во сабота ќе го видиме на иста сцена со Шабан Шаулиќ, Ана Бекута и Саша Матиќ во спортската арена “Борис Трајковски” во Скопје, позираше како модел за потребите на новата рекламна кампања на “Signori”.
Пејачот ќе ја промовира новата летна колекција на костими од македонскиот бренд “Signori”, а на првиот сет одлично се снајде во улогата на фото модел пред објективот на професионалниот фотограф Алекс Јакимовски. Публиката имаше прилика да види дел од новата колекција во вториот круг на “Ѕвездите на Гранд”, каде за комплетниот стајлинг на Ален се погрижија Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, основачите на “Signori”.
Подготви: Редакција Музика24