Музика на кирилица

Ален Хасановиќ летово ги полни македонските клубови и дискотеки

Вчеравечер Кичево, односно, посетителите на познатиот ноќен клуб “Маало” имаа ретка можност и привилегија да уживаат во одличната забава, настап и концерт на неповторливиот Ален Хасановиќ, за кои многумина навиваа во големото финале на “Ѕвездите на Гранд”, во кое за жал не успеа да го добие она што реално му следуваше.

Но како и да е, ова младо момче кое речиси пред само една недела имавме можност да го гледаме и слушаме на големиот балкански настан, прилепскиот “Пивофест”, на големо ги полни македонски ноќни клубови како и дискотеки, и веруваме дека ова лето ќе биде едно од најдобрите за него, кога уживајќи заедно со публиката задоволството е обострано.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: