Музика на кирилица

Ален Хасановиќ наскоро со најнов сингл (Фото)

Харизматичното момче кое со својот глас го освои регионот, во екот на својата популарност вредно работи на својата нова песна која би требало да се промовира со видео запис некаде околу средината на месец мај. Во студиото “Ер” во Прилеп, Ален Хасановиќ ја сними својата нова песна чиј комплетен автор е токму тој. Новата песна е оригинално снимена на српски јазик и го носи насловот “Продала си љубав”, но во текот на летото ќе добие и своја македонска верзија.

alen hasanovic studioНовата песна својата промоција ќе ја има наредниот месец заедно со видео запис во режија на Зати продукција од Охрид, со која пејачот подолго време соработува. Како потсетување, Ален Хасановиќ својата прва авторска песна ја промовираше минатото лето (15 јули 2014) во кафулето “Скопје Кафе” кое се наоѓа на Плоштад Македонија во Скопје. Инаку, минатиот викенд се емитуваше првата емисија од четвртиот круг на “Ѕвездите на Гранд”, а Ален со својата уникатна изведба на македонскиот хит “Кога тргнав Цвето” си обезбеди билет за следниот круг.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: