Музика на кирилица

Андреа ја одржа првата проба во Торино (Фото+Видео)

Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до пети во црно. LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“.

Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва. Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне.

https://www.youtube.com/watch?v=pI7tB3T3Prw

Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи, па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа.

Можеби ќе ве интересира: