Музика на кирилица

Андреа заминала на Евровизија да ужива и да дели страст (Видео)

Најверојатно не свесна што и како направила, сакајќи да се извини на македонската јавност, македонската евровизиска преставничка Андреа доцна вечерва на интернет просторот постираше видео каде што со чудни изрази на лицето и насмевка која не и доликува после толку голем скандал, се појави во видео при што самата вели не и се верува што се пишувало по македонските портали и медиуми.

Сакајќи да се оправда, таа вели дека секаде гордо се движела со македонското знаме за време на изминатите денови, но објаснува дека за време на фотографирањето кога секоја земја ги има своите 5 минути на тиркизниот килим, до неа не била македонската делегација и таа незнаејќи кому да го даде македонското знаме се одлучила на чекор да го фрли на земја. Нешто што не смее да си помисли да го направи.

Тука се прашуваме каде била македонската делегација од милион луѓе што со наши пари патуваат, одат и се шетаат во Торино? Се фотографирале и шетале низ Торино или…? Зар немало никој, никој да го земе македонското знаме во рака за да не се случи она што ниту една земја не смее да си го дозволи да го направи на ваков голем евровизиски настан?

Во меѓувреме, стигна соопштение од МРТ во кое се вели:

“Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал”.

Дали ќе има брза разрешница на овој голем скандал и се ќе се знае во рок еден до два дена, или пак и овој пат ќе биде кучињата лаат караванот си оди, тоа останува да видиме во следните неколку дена.

Можеби ќе ве интересира: