Музика на кирилица

Андријана Алачки во „Вкусот на традицијата“ готвеше со ќерката Грациела и синот Баже (Фото)

Со години наназад познатата македонска и сеуште популарна пејачка Андријана Алачки го работи тв проектот „Вкусот на традицијата“ кој што се емитува на националната ТВ Алфа. Снимајќи тв емисии каде гледаме разно-разни специјалитети и рецепти од Македонија, но и од странство, во една од емисиите Алачки како свои специјални гости ги покани ќерката Грациела и синот Баже со кој што заедно снимаше, готвеше, и на крајот дегустираше.

Ќерката Грациела се пофали со своите способности и умешност за подготовка на торта наречена “Грацината торта”, а со самото тоа докажа и на сите им покажа дека има талент и за готвење, не џабе старите рекле: “Круша под круша паѓа”.

Можеби синот Баже не е сеуште подготвен за приготвување на интересни рецепти, но затоа, гостувањето го искористи за фотографирање и дегустација на веќе подготвените готови јадења на кој никој не би останал рамнодушен. Емисијата со гостувањето на ќерќата и синот на водителката Алачки ќе ја погледнете наскоро на програмата на Телевизија Алфа.

Можеби ќе ве интересира: