Музика на кирилица

Андруш и Наум Петрески го овековечија нивното пријателство со песна (Видео)

“Една ти една јас душите ќе ни пеат зорите не ќе можат да не разделат” е дел од рефренот на композицијата “Песна за верни другари” за која беше снимен дует помеѓу Андруш и Наум Петрески со видео-запис каде како автор се потпишува Милан Завков, а за текстот беше задолжен Борче Нечовски.

“Пријателството никогаш неможе да се откине било да е во лоша ситуација секогаш треба да се негува, па затоа сум пресреќен за оваа композиција која долго време ја договаравме со мојот пријател Андруш, но ете сепак и тоа се оствари”, изјави Наум Петрески кој додаде дека оваа песна е порака за сите кој сакаат да опстојат и да го зачуваат своето пријателство.

N 1Да потсетиме Андруш беше прогласен како “позитив на денот” на овогодинешната манифестација “Златна Бубамара на популарноста” за композицијата “Оди звездо” по кој стана претпознатлив. Самата песна говори се, а и видео-записот кажува премногу, затоа ве оставаме да уживате во овој интересен дует за кој сме сигурни познатиот камионџија Андруш ќе заплови и во соло водите.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: