Анета Мицевска и познатата битолска група “Молика”, вчеравечер на олимпискиот базен “Император” во Битола на спектакуларен и незаборевен начин прославија 20 успешни години на македонската фолк музичка сцена. Како главни домаќини и организатори на вечерта, за присутните подготвија одлична незаборавна вечер, исполнета со многу музика, забава и многубројни изненадувања, како и модна ревија со прекрасни машки и женски модели.
Впрочем, ова беше вечер каде што се прославуваа три големи јубилеји, што би рекле ние 3 во 1. Се прославуваше 20 години од постоењето на битолската група “Молика”, 20 години како пее и не забавува познатата и секогаш одлична Анета Мицевска како и 20 години од постоењето на модното битолско студио “Шанел”.
Во продолжение, погледнете неколку фотографии од она како помина изминатата вечер и големата прослава која на крајот заврши со спектакуларен огномет.