Музика на кирилица

Анета Наковска: 250 грама ак тебе не те најадвит, ок, тебе две ќе ти дајме, 500 грама да се најадиш“

Пејачката Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живееше на релација Македонија-САД. Како што „Галама“ објави неодамна, таа често споделува фотографии од ресторан „Деспина“ во нејзиното Велгошти. Она што се гледа на сликите е дека ресторанот е ист како нејзината куќа во Велгошти.

По тоа може да се заклучи дека Наковска и нејзиниот сопруг решиле да го спојат убавото и корисното и куќата да ја претворат во ресторан со внатрешен базен. Наковска со најновата oбјава докажа дека тие се навистина посветени на угостителскиот бизнис. Таа сподели објава од ресторанот кој нуди понуда за ручек по поволна цена:

“Ручекот е повкусен со добро друштво и вкусна храна која е секогаш на нашето мени. Овие 3 дена порција плескавица и пиво за само 149 денари“, стои во понудата што ја сподели Наковска. Но, еден од нејзините следбеници најде маана на оваа објава.

Овдека во тањиров гледам само една плескавица, а велите порција. Плескавица во порција значи дека треба да одат две плескавици, а не само една плескавица, тоа е нечија грешка па треба да се поправи.

А пејачката без многу размислување и двоумење веднаш му одговори коментираше на коментарот:

250 грама ак тебе не те најадвит, ок, тебе две ќе ти дајме, 500 грама да се најадиш“, вели пејачката. Потоа друг коментар ја исправа дека кога се вели порција, тоа треба да значи во неа да има повеќе парчиња месо на што Наковска повторно одговара:

“На убавото може да се наоѓаат милион мани, како во случајов, а на неубавото ќе се каже – не е убаво, секој си наоѓа раска во окото, а не си ја гледа бандерата во своето око“, вели Анета.

Можеби ќе ве интересира: