Музика на кирилица

„Ангел“ ново музичко дело на препознатливите и познати „Либеро бенд“ (Фото+Видео)

Еден од најистакнатите македонски бендови „Либеро бенд“ најавува промоција на нивното најново музичко остварување, песната која го носи насловот „Ангел“, а за која е снимен и видео запис. Промоцијата ќе се одржи во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“ со почеток од 12 часот.

Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А тимот кој победува не се менува. Новата композиција на „Либеро бенд“ е дело на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, а зад видео записот се потпишува Даниел Јовески.

„Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме во истото. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации. Бројот 3 има симболично значење во видео записот, а за што точно станува збор ќе откриеме на нашата промоција во четврток“, вели фронтменот Иван Јованов.

Момците од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што следува од нив во наредниот период.

Во интервју за Бекстејџ ги открија сите детали за промоцијата

Се гледаме на нивната промоција  во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“ со почеток од 12 часот. Бидете таму!

Можеби ќе ве интересира: