Музика на кирилица

Ангелот Сара Мејс Ви ја честита Новата година

Сара Мејс изминатата година ќе ја памети по многу убави работи, а своите желби за уште поубава година одлучи да ги испрати во “ангелска форма”. Со желба да на сите да им е прекрасна Новата година и да им “врнат” само успеси, Сара ја честита новата 2015 година.

Агендата на Сара за периодот кој следува: настап на новогодишната забава во трендовскиот клуб Миднајт, кој и овој пат се погрижи да понуди новогодишна програма за оние кои преферираат поинаква забавна сфера во главниот град. Забавата започнува во 20:00 часот. По дочекот на Новата година, следниот настап на Сара ќе биде на 02.01. во клубот “Порта Џез” во Битола.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: