Музика на кирилица

Антонија Гиговска наскоро го издава својот прв албум

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатата млада македонска поп пејачка Антонија Гиговска, наскоро ќе го издаде својот прв деби албум, своето првенче со кое уште од сега е горда. 

После успесите која што оваа наша пејачка ги имаше во музичкото натпреварувачко тв шоу “Пинкови ѕвездички”, таа се посвети на својата музичка кариера и зад себе веќе има неколку познати хитови. Неодамна ја издаде новата песна “Можевме двајцата”, заедно со видео спот.

Таа својот албум го најави и со постирање на фотографија на Инстаграм, каде е во студио и веројатно размислува која песна би била најдобра од сите оние кои досега таа ги има.

Како и да е, искрено и посакуваме многу успех и да се видиме наскоро на промоција.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: