Музика на кирилица

Антонио Пејоски со нова песна и најава за нови музички проекти (Фото+Видео)

Неодамна нашиот познат македонски поп пејач Антонио Пејоски ја промовираше својата најнова и летна песна насловена “Колку те посакувам”. Песната е дело на Антонио, додека пак мастерингот, миксањето и аранжманот на истата го подготви Методија Столески. Свое учество при реализацијата на оваа хит песна земаа Марко Лазороски – гитара и Кирил Митрески – клавијатури.

Што се однесува до видео спотот, истиот делувa дека е снимен во некоја соседна земја, напротив, видео спотот е снимен во нашата убава Македонија, и тоа на најубавите плажи во Претор и Сливница и изгледа светски, секоја чест. Истото е снимено и едитирано од страна на Кристијан Љушев.

По промоцијата на оваа најнова песна низ Македонија и секојдневните вечерни настапи, Антонио за Музика24 открива дека наскоро ќе промовира 4 нови песни од која едната е дуетска со познато музичко име. Тој во меѓувреме подготвува и голем број на кавери со кој во текот на летото ќе ги изненадува, своите фанови и обожаватели.

А како звучи неговата најнова летна песна и како изгледа видео спотот за истата, погледнете во продолжение.

Можеби ќе ве интересира: