Музика на кирилица

Атиџе од “Медена земја” почна да ги снима своите песни (Фото)

Главниот лик од документарниот филм “Медена земја”, Атиџе Муратова деновиве во Скопје влезе во студио и започна со “Чекор по чекор” која Атиџе ја пее во дует со Васил Чамов. Аранжманот го направија Љупчо Соколовски и Илчо Јованов, а снимена е во студиото “City sound”.

“Прв пат сум во студио, ама сега веќе се навикнав. Снимав дел по дел, и не грешев. Имам уште две песни. Многу бев возбудена и среќна. Требаше поодамна да ги снимаме, ама поради короната се забави. Ќе имам настап на денот на пчеларите, а може да снимам и реклама за мед. Многу се радувам. Ете, никогаш не се знае што ти носи животот. Од сиромаштво, па сите патишта ми се отворија. Најважно е човек да биде добар, да нема лоша мисла”, изјави Атиџе.

Особено голем придонес во реализацијата на снимањето и остварувањето на желбата на Атиџе даде Александар Санев, сопственикот на македонскиот моден бренд “Астибо”.

Можеби ќе ве интересира: