Музика на кирилица

“Балкан Бенд” снимија видео спот за најновата песна “Лутка” (Видео)

И покрај многубројните настапи и концерти, момците од “Балкан Бенд” интензивно снимаат нови песни и видео спотови. По “Стари песни, стари другари” и дуетската “Камикази” снимена со Сузана Гавазова, овој пат пред почетокот на летото, најавуваат нова песна која наскоро ќе биде промовирана заедно со спот.

Песната се вика “Лутка”, а ќе биде наменета за балканскиот и македонскиот музички пазар. Тие неодамна го завршија аудиото за оваа тема во студиото на Дејан Момировски, а деновиве се снимија и последните кадри од спотот во кој гостува и атрактивната Александра Накова.
Промоцијата на нивните официјални профили на социјалните мрежи е најавена за во понеделник, 24-ти јуни во 18 часот.

Во продолжение погледнете ја само кратката најава за нивната најнова песна.

https://www.facebook.com/balkanband/videos/293577031415297/

Можеби ќе ве интересира: