Музика на кирилица

„Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” со одлична преработка на „Море сокол пие“ (Видео)

Интернационалниот ансамбл „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” го претстави новото видео со обработка на традиционалната македонска песна „Море сокол пие“. Оваа песна датира од 1837 година, а низ годините ја преработија неколку артисти помеѓу кои Ханка Палдум и Тоше Проески.

“Ова е средба со вечна мелодија чија тежина ги одбележа генерациите низ вековите. Поврзуваме три балкански земји во една приказна – две страни на Скадарското Езеро низ призмата на македонскиот сокол”, вели контрабасистот на оркестарот Иван Ковачевиќ.

Овој ансамбл, чие седиште е во Барселона, покрај песните на шпански, руски и ромски, изведува песни и на српски јазик. Тие неодамна го снимија албумот „Нова ера“ со новата пејачка, Италијанката Маргерит Абита. Многу критичари веќе ја оценија новата пејачка како феноменално освежување.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....