Музика на кирилица

“Бен Хур” со нова песна “Ова време е за нас” (Видео)

Рок бендот “Бен Хур” постои од 1994 година и негови основачи се екс гитаристот на култните Ристо Бомбата и кучешката тенија, Борче Шабаноски и клавијатуристот Душко Темелкоски. Денес во бендот како вокалист се појавува Игор Јагуриноски, додека како гостин на тапани е Пеце Свекароски (Сабато). Новата песна со наслов “Ова време е за нас” е авторско дело на Борче (музика и аранжман) и Душко (текст).

Ben HurПесната снимана е во рамки на проектот на субвенционрање на македонската забавна музика. Видео клипот е сниман на познатата прилепска туристичка локација карпата наречена Слон под Марковите Кули. Видеото го изработи Фабрика Продукција од Скопје.

Во продолжение погледнете го видеото.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: