Роберт Билбилов си има своја шема за опуштање. Како што самиот појаснува најдобро се опуштал со партија табла, наргиле и турско кафе со локумче… Би се рекло – знае малиот како треба, а богами и добро е што конечно излезе од студио каде изминатиов период работеше и дење и ноќе, пишува Вечер.
“Конечно малку да се опуштам после цела година напорна работа. Ми се собраа многу настани и ангажмани меѓу кои беа Макфест, Евровизија, а последно беше албумот на Тамара. Напорно, но тоа е дел од работата. Сега уживам во слободното време и сакам да им се посветам на најблиските и да поминам повеќе време со нив. Бев и до Грција на неколку дена”, вели Роберт за Вечер и додава:
“Уживам во играњето табла и мислам дека сум добар во оваа игра. Вртам зарови често и морам да нагласам се уште не се нашол некој добро да ме “исплеска”, појаснува Билбилов за весникот Вечер кој на партија табла со другарите и наргиле ужива да оди во Старата чаршија.
Фото: Вечер