Откако претходната година им беше плодна со многу новини како од промоција на најновиот албум “Играј” со 10 композиции така и многубројни настапи на познати реномирани фестивали меѓу кој “Скопје гори” и “Beograd Calling” оваа година повторно се активираа со цел љубителите на нивната поп-рок жанр да уживаат во нивниот раскошен перформанс.
Она што тие го најавија е турнејата низ Македонија каде прва на мапата се најде Битола поточно “Порта џез” на 28-ми март со почеток во 20 часот.
Имено тие се актуелни со најновиот сингл “Солени облаци” за кој критичарите вешто им дадоа голема поддршка на нивниот вложен труд нагласувајќи дека редно време е македонската музичка сцена да биде збогатена со квалитетна музика кој ќе го прошири вкусот на оние кој се желни за добри композиции.
Подготви: Редакција Музика24