Музика на кирилица

Благица Калева: Валандово е мое и тука ја имам најголемата поддршка во животот

Синоќа во преполната фестивалска сала „Јанко Узунов” во Валандово по пауза од шест години настапи фолк дамата Благица Калева, која во паузата за гласање, во ревијалниот дел отпеа осум свои хитови. На сцената во Валандово покрај своите сограѓани неможеше да ги сокрие емоциите.

Публиката со внимание го проследи нејзиниот настап и со овации беше поздравен секој нејзин хит. Уште со самото појавување синоќа во Валандово, Благица го привлече вниманието како на новинарите така и на нејзините колеги и новата генерација музичари во Македонија.

Пред да ја поздрави публиката позади сцената, сподели дека не сака да плаче, но нејзините очи беа почни со солзи.

“Валандово е мое, тука можам да сум јас, бидејќи сум меѓу своите и тука ја имам најголемата поддршка во животот”, рече Калева.

Благица Калева за прв пат настапи на „Фолк Фест Валандово” далечната 1990 со песната “Забранувам солзите да течат”, а последен пат во натпреварувачка вечер пеела пред шест години кога ја освои првата награда со песната „Горда мајка”.

Можеби ќе ве интересира: