Музика на кирилица

Благоја Грујовски е победник на овогодинешното издание „Цветници“ (Видео)

Оваа година имавме можност да уживаме во 14 новокомпонирани авторски композиции кој се иведоа од добро познатите артисти од фолк естрадата како Миле Кузмановски, Наум Петрески, Блага Петреска, Кирил Митоски итн. Во оваа издание имаше 2 вида на гласање преку евровизики телевоутинг и стручно жири формирано до еминентни имиња од музичката естрада, воедно меѓу наградите беше и награда за животно дело каде беше избран Иван Терзиев.

Прво пласиран на „Цветници“ беше избран Благоја Грујовски со композицијата “Двесте давам” со висина од 600.000 денари, втората награда и сметка во банка “подебела” за 450.000 денари отиде во рацете на групата “Соната” која ја изведе песната “Пустина”, а Ленче Кукиќ и Благица Калева со песната “Вино љубов и музика” беа третопласирани и освоија награда во износ од 300.000 денари. Сепак како заклучок може слободно да се каже дека е задржан духот на добрата и квалитетна музика во придружба на народниот оркестар на МРТ.

А во продолжение, да се потсетиме на победничката композиција „Двесте Давам“ во изведба на Благоја Грујовски.

https://www.youtube.com/watch?v=LVckbq2H8bQ

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: