Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот фолк пејач Благоја Грујовски кој воедно ја имаше улогата и на тв водител во музичко-забавниот проект на телевизија Алфа „Везилка“, повеќе нема да биде дел од истиот.
Музика24 дознава дека неофицијално на негово место ќе застане познатиот фолк пејач Спасен Силјановски, кој е добар пријател, колега и соработник на Грујовски.

Поради што и зошто се случува оваа промена и раковотството на ТВ Алфа се решава за промена на водителот кој помина неколку сезони во овој телевизиски проект и кога веќе е започната новата сезона, токму сега да се случи замена, не знаме. Но наскоро се надеваме дека ќе добиеме одговори и од ТВ Алфа, како и од самиот пејач и поранешен водител на „Везилка“, Благоја Грујовски.