Музика на кирилица

Бојана Атанасовска победник на 30-то јубилено издание на “Макфест”

Вчера вечер заврши 30-то јубилејно издание на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”, а оваа година и покрај големата конкуренција, победи песната која што според гласовите од публиката и стручното жири го заслужи местото број 1 или победник на овогодинешното макфестовско издание, “Диви цветови” во изведба на познатата македонска поп пејачка Бојана Атанасовска.

Bojana Atanasovska_pobednikmakfestПобедничката Бојана веднаш по прогласувањето рече:

“Штип ви благодарам многу. Ми значи оваа победа”, се заблагодари овогодинешната победничка поп пејачката Бојана Атанасовска на Штип и неговата публика. Инаку, како второпласиран заврши пејачот Панче Илиев со композицијата “Кој ме чуе да пејам”, а според гласовите, на третата позиција се најде и младата и позната Евгенија Чанчалова со композицијата “Миг до вечноста”.

Исто како и минатата година, и оваа Фестивалот за забавни мелодии се изведуваше во живо, а што се однесува до наградите, оваа година тие беа преполовени, односно, сумите изнесуваа 10 илјади евра за првото, 7 илјади евра за второто и 5 илјади евра за третото место.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: