Музика на кирилица

Бугаpите на своите медиуми веќе почнаа да се фалат дека бугарското знаме се нашло во спотот на македонскиот претставник

Бугаpите на своите медиум веќе почнаа да се фалат дека бугарското знаме се нашло во спотот на македонскиот претставник на Евровизија, сограѓанинот на премиерот Васил Гарванлиев. Како што се гледа и oд видеото променет е распоредот на уметничкото дело на познатата уметничка Жанета Вангели за да истото потсетува на знамето на Бугарија.

Кој ги пререди боите на триптихот на Жанета Вангели и зошто? *или – што мајка бара уметноста во кичот (на политиката)?

На социјалните мрежи гледам реакции и „дебата” за тоа дека во евровизискиот спот на претставникот на „северна” се појавило хоризонтално поставено бугарско знаме. Всушност се работи за познатиот Омаж на Андреј Рубљов од Жанета Вангели (изработен уште во 1995г.), кој во својата оригинална поставка како триптих ги има истите бои, но со сосема поинаков распоред и со реплики на познатата икона на Христос Седржителот од Свети Андреј Рубљов.

Прашање е – зошто Триптихот денес е поинаку распореден од оригиналната поставка, за да разбуди сосема поинакви дневно-политички асоцијации и да личи на бугарско знаме, па никој во него да не го ни забележи Господ Исус Христос?… и – дали е тоа намерно и со умисла направено?!? или е само резултат на обична неписменост, како во многу други слични случаи денес?

Па, веројатно тоа е и целта на секоја уметност (особено на „критичката”) пак и пак, одново и одново, во случајот и по 25 години од создавањето, да отвора и да поставува прашања. Вистинското прашање можеби би требало да биде – дали на едно вакво безвременско уметничко дело воопшто местото му е во еден кич поп-спот, наменет за најголемата европска манифестација која го велича кичот (а во последно време и шундот) наречена Евросонг?

П.С. за „патриотите” една „небитна” дигресија – Жанета Вангели беше една од гласните и ревносни говорници на протестите „За заедничка Македонија”, пишува Благој Шаклевски, на Фејсбук.

https://twitter.com/1VidiVidi/status/1370511721341796357

Можеби ќе ве интересира: