Музика на кирилица

Дали Ариана Гранде и послужи како инспирација на Тамара за “Порок„? (Видео)

Во текот на денешниот ден, нашата македонска позната и популарна поп пејачка Тамара Тодевска го промовираше новиот сингл насловен едноставно “Порок”. Музиката и аранжманот за оваа нова песна е дело на веќе докажаниот Лазар Цветковски кој заедно со Тамара го направиле она што подолу ќе имате можност да го слушнете и видите, додека пак, текстот го напиша Тајзи.

Интересно е што Тамара за прв пат соработува со дечките од Урбан Рекорс кој досега на многу наврати се докажаа како едни од најдобрите во својата работа. Тоа го докажаа и овој пат со ова светско, а сепак наше видео парче на добар и квалитетен видео спот.

По премиерата на видеото оние кои ја слушнаа ја споредија со песната на Ариана Гранде “God is a women”, а дали е тоа така, оставаме на вас да слушнете и самите да направите споредба.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....