Музика на кирилица

Дали се гради среќа на туѓа несреќа? (Фото+Видео)

Веста на денот која што сите ги “вознемири”, верувале или не, е денешната објава на познатата македонска поп пејачка Антонија Гиговска дека е бремена и тоа четврти месец и дека токму денес на нејзиниот роденден објавува дека ќе се вери или дека го кажала судбоносното ДА на еден од синовите на познатиот фолк пејач и композитор Боби Спасенцовски, младиот и симпатичен Роберт Спасенцовски.

Но, да не заборавиме за се она што се случи пред само неколку месеци, кога веќе сега поранешното момче на Гиговска и поранешен другар на Роберт, познатиот и атрактивен Иван од Либеро Бенд во ексклузивно интервју за естрадниот магазин Backstage откри и кажа зошто е крај на нивната речиси двеиполгодишна, интересна и емотивна љубовна врска. Додека тој немаше проблем да излезе и пред камерите јасно и гласно да зборува, таа реши да молчи, а како велат старите: Молчењето е злато, но некогаш и со молчењето се потврдува некоја вистина.

Не ја знаеме причината за крајот на големата и емотивна љубовна врска на Иван Либеро и Антонија, но сега е повеќе од јасно дека трета личност уште многу одамна ги има заплеткано конците и дека токму таа трета личност била причина за раскинувањето.

Колку за потсетување, сегашното момче на Антонија, идниот сопруг и татко, беше најдобар другар на Иван Либеро кој пак во својата музичка продукција реши да му гради музичка кариера под псевдонимот Џокер (Joker), но очигледно ништо од сето тоа.

До кога ќе молчи Антонија останува да видиме и дали некогаш ќе ја чуеме и нејзината верзија од т.н. голема љубовна приказна Антонија и Иван. А до тогаш, редакцијата на музичкиот портал Музика24 на идните родители им посакува многу среќа и воедно да се запрашат: Дали се гради среќа на туѓа несреќа?

Можеби ќе ве интересира: