На 8 и 9 Септември се одржа меѓународниот фестивал „Студентско лето“ во Маглај. На двете фестивалски вечери настапија 34 учесници од седум држави, а меѓу нив и од Македонија. Нашата земја ја претставуваа: Дамјан Стоименовски, Никола Зацески, Огнен Здравковски, и Мите Стоилков. Дамјан се претстави со песната „Громови на душа“ од Тоше Проески.

Фестивалот „Студентско лето“ е еден од најстарите фестивали во Босна и Херцеговина. Во далечната 1964 година клуб на студенти одлучи да организира средби на млади музичари и пејачи. Во почетокот тоа беа собири на музичари од околните градови.
Во 1970 година фестивалот „Студентско лето“ стана круна на сите фестивали во Југославија, односно „Студентско лето“ стана финале на сите регионални пејачки натпревари. Фестивалот ја отвора вратата за многу учесници, како и оркестрите што ги придружуваа изведувачите. Изминатите 50 години изведувачите ги придружуваа ревиските оркестри на РТВ Белград, Нови Сад, Сараево, Љубљана, Загреб, Сараево, односно оркестри под диригентство на Ѓура Пемзеш, Јовица и Рата Петковиќ, Радојка и Тинета Живиќ и многу други.

Од фестивалот во Маглај кариерата ја започнаа Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, Верица Ристевска, Северина, Алма Чарџиќ, Ѓулијано, Даниел Поповиќ, Слаѓана Милошевиќ, Хасиба Агиќ, Омер Ливњак и многу други.