Музика на кирилица

Дани Димитровска во египетско-туниска песна и видео спот (Видео)

Нашата македонска позната пеачка Дани Димитровска, во соработка со Карим Камел од Египет и Си Лемаф од Тунис снимија видео спот за песната “Never Give Up”, што всушност е проект на Y-Peer светската мрежа за борба против сидата, каде што овие тројца познати пеачи се нивни амбасадори.

Песната има арапски карактер и воедно здружувајќи ги нивните традиционални иструменти и ритам, заедно со гласот, модерниот шарм и моќност на нашата Дани, се изразува и европскиот лик и темперамент.

Песната носи силна порака која никого не остава рамнодушен, особено во периодот во Каиро кога владее брутално насилство врз жените, агресија, протести и нетрпение. Видео спотот е снимено во Каиро во периодот на големата револуција, ноември 2012-та. Музика24 ви го претставува видео спотот со македонски превод.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: