Дарио Панковски деновиве е во студио, а и на неколку локации низ Скопје каде се снима новиот сингл „Молтива“ кој ќе биде пропратен со спот. Дарио повторно соработува со своите тандем соработници за музика и спот, Кристијан Габровски и Дарио Јанковиќ. „Ракија“ – последниот сингл на Дарио излезе во ноември минатата година.