Досега имавме прилика да го гледаме сам кој одлично “пловеше” во соло водите, но од сега па понатаму ќе има и поддршка од нов состав кој е прилично тазе на македонската музичка сцена, а носи име “Адреналин бенд”.
“Дечките се едноставно родени, но и спремни за одлични журки и сигурен сум дека не погрешив во мојот избор иако публиката е навикната да ме гледа сам, па затоа секоја промена е добредојдена”, изјави Дарко Билбиловски кој нагласи дека се подготвува нешто ново и несекојдневно.
Покрај се тој ќе вложи напори да го даде својот максимум од себе заедно со “Адреналин бенд” да се претстави во најдобро светло како што знае и секогаш да не изненади со нови нешта.
Подготви: Редакција Музика24