Неодамна нашиот македонски музичар, композитор, инструменталист, Дарко Илиевски, го промовираше своето прво промотивно ЦД издание насловено “Булевар”

Музичка приказна, која опфаќа и се допира до повеќе жанрови, но со фолкот во својата мелодиска и ритмичка база. Покрај седумте авторски композиции на албумот се застапени и две композиции на тема и цитати на народни ора, аранжирани, дополнети со авторски фрази на начин кој овозможува да бидат слеани со целата слика и приказна.
Сето тоа се сними, миксаше и мастерираше во студиото “XL Momiroski” на Дејан Момироски, а како инструменталисти својот музички придонес го дадоа Здравко Ангелов, Владимир Крстев, Бранислав Автовски, Зоран Костадиновски, Александар Стаменковски, Никола Автовски, Благоја Антовски и Ратко Даутовски.
Пет композиции добија и видео записи. Со замисла како мал тв концерт со кој ќе се промовираат и необјавените и дел од досега објавените композиции, во малата филхармониска сала при Македонската филхармонија се сними видео материјал кој е веќе достапен и на YouTube каналот на Дарко Илиевски, и на ТВ програмите. За видео реалазицаијата задолжена беше Blackmagic продукцијата.