Музика на кирилица

Дарко Илиевски наскоро со нова песна “Ноќ со тебе”

После освоеното второ место на овогодинешниот “Макфест”, Дарко Илиевски со нова песна и видео запис. Песната со наслов “Ноќ со тебе” е и најава за новиот албум на Илиевски. Автор на песната е Лазар Цветкоски, а автор на видеото е Владимир Дади Ивановски.

“Премногу сум задоволен од целокупниот производ и сум многу среќен што соработував со двајцата врвни автори едниот од аудио, а другиот од видео сектор. Исто така сум пресреќен што во мојот спот се појави прекрасната и талентирана Илариа Кирилов. Се надевам дека со оваа песна и спот ќе внесеме нешто свежо на македонската естрада”, вели поп пејачот.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: