Музика на кирилица

Дарко Спејко започнува со пејачка кариера (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, кумановецот Дарко Спејко кој што е познат по многу нешта, наскоро ќе го видиме и во улога на пејач. Инфлуенсерот и модел освен што овој период е доста активен на функцијата спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово, не мирува кога е во прашање музиката.

Музичките настапи и естрадата не му се непознати, со оглед дека постојано може да се види во друштво на Тајзи и Раста, во чии спотови веќе се има појавено. Спејко деновиве преку социјалните мрежи соопшти дека ја започнува својата музичка кариера, а веќе снима спот со својот деби сингл „Caliente“ кој ќе можеме да го слушнеме наскоро.

Режисер на спотот е Дарио Јанковиќ, а во видеото ќе се појават моделите и манекенки Ана Брзанова и Јања Станојевиќ, а главната улога ќе ја има мисицата Анѓела Јакимовска.

Можеби ќе ве интересира: