Музика на кирилица

Давид Темелков ја сними својата прва песна

Во студиото “Блу”, под продуцентската палка на Александар Стаматовски – Санди, Давид Темелков, ѕвездата од “X Factor Adria”, ја сними својата прва песна. Насловот на темата е “Ти си моја улица” и има две верзии, македонска и српска. Српската верзија на песната, за една недела веќе има преку 70 илјади преслушувања на You Tube, а утре се очекува да биде пуштена во етерот и македонската верзија. Автор на музиката е Григор Копров, двете верзии на текстот се дело на Огнен Неделковски, а аранжманот го потпишува Владимир Дојчиновски.

https://youtu.be/cS-qL3JhpWw

“Песната е плод на една одлична соработка, дело на искусни професионалци, докажани во својата работа. Се се случи многу брзо, но се излезе подобро од очекувањата. Текстот и музиката се како создадени за мене, се пронаоѓам целосно во секој стих и сето тоа е аранжерски маестрално споено. Драго ми е што соработувам токму со овие луѓе”, изјави Давид Темелков, кој моментално се наоѓа во Загреб. Додека Давид ги продолжува своите успешни настапи ширум Балканот, истиот авторски тим, веќе работи на неговата втора песна, со која ќе се претстави на еден летен фестивал.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: