Музика на кирилица

Денес во Бекстејџ трибјут за Есма во 16.15 на Телма

Денешното издание на естрадниот магазин Бекстејџ кој се емитува на Телма, премиерно во 16.15 ќе биде посветено на кралицата на песната Есма Реџепова Теодосиевска.

Во недела на 12-ти декември се навршуваат пет години од нејзината смрт. За естрадниот магазин Бекстејџ зборуваа: Калиопи, нејзиниот син Симеон Атанасов, Зоран Димов и естрадниот новинар Дуле Мичиќ.

Емисија полна со спомени, емоции, работи кои не сме ги знаеле досега, каква мајка била Есма, каков пријател, како изгледале последните денови се само дел од прашањата на кои ќе се даде одговор.

Можеби ќе ве интересира: