Музика на кирилица

Анастасија Петреска: Девојки имам нешто за Вас

Ноември месец е резервиран за “Роса” на која настапуваат квалитетни изведувачи, по петти пат оваа година ќе настапи Анастасија Петреска. Оваа година фолк фест “Роса” го слави дваесет годишниот јубилеј.

“Фолк фест “Роса” е еден од најдобрите фестивали затоа и редовно настапувам на истиот. Секоја година организацијата е се подобра и ми се допаѓа тоа што не е од натпреварувачки карактер, акцент се става на убавата песна. Оваа година јас ќе настапувам со песната “Изгрејсонце”, песна која на секоја девојка, жена ќе и се допадне, љубовна песна. Реакциите се одлични на оние кои ја слушнаа, па може да кажам дека ова е најдоброто од мене”, ексклузивно за Музика24 изјави младата Петревска. Автори на песната се Драган Таневски и Стефче Гроздановски кои се погрижија за музиката, додека пак, аранжманот е на Тодор Трајчевки.

“Обрските кои ги имам со настапите до сега не ми дозволија да снимам видео спот, но за оваа песна ќе се потрудам, песната го заслужува тоа, а и сами ќе се уверите на 29-ти кога ќе ја слушнете”, додаде Петреска за музичкиот портал Музика24 кој воедно ќе биде дел од овој голем музички фолк настан на крајот од овој месец.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: