SMUT, легендите на македонскиот хардкор кои лани го објавија својот четврти албум “Мемоарите на скршениот човек” за издавачката куќа Password Production, на 15-ти февруари концертно ќе ја прослават својата седумнаесет годишнина како бенд. Момците ќе настапат на зимското издание на Diehard hardcore фестот кој ќе се одржи во клубот “Хавана” во Скопје и е првиот настан на Diehard booking во 2013-та година. Заедно со SMUT, на Diehard hardcore ќе настапат 4 бендови од три држави. Концертот ќе го отвори младиот металкор бенд од Скопје, GEARS кој во моментов го снима првиот албум.
Од Софија ни доаѓаат REDOUND. Една од најсилните beatdown hardcore банди не само во Бугарија, туки и на Балканот. Момците издадоа албум за Spook Records, а имаат издадено и сплит и мини цд. Од Белград за прв пат во Скопје доаѓаат, THE BRIDGE. The Bridge се хардкор екипа составена од членовите на Hitman и Deadrise. Кон крајот на 2012-та ја објавија нивната прва плоча за Farewell records и веќе имаат завиден број на концерти низ регионот. Концертот ќе се одржи на 15-ти февруари во клубот “Хавана” во Скопје. Цената на билетот изнесува 200 денари. Почетокот е закажан за 20:00 часот.
Подготви: Катерина Митровска