Музика на кирилица

Димитар Андоновски ја компонираше музиката за филмот „Денот на жената“

Вчеравечер во Скопје се одржа премиерата на новиот македонски филм „Денот на жената“ во режија Гоце Цветановски а за кој  музиката ја компонираше пејачот Димитар Андоновски.

Денес сум посебно горд бидејќи ми се оствари животниот сон да компонирам музика за Филм. Денес се одржа премиерата на филмот „Денот на жената“, во режија на Гоце Цветановски. Му благодарам на довербата, задоволството и радоста е голема да си ја слушаш својата музика на големото филмско платно. Се надевам дека ова ќе биде само добар почеток во својата кариера во областа на филмската уметност. – објави димитар.

Димитар со режисерот Цветановски

Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција. Главните улоги ги толкуваат: Слаѓана Вујошевиќ, Муса Исуфи, Исмаил Касуми и Дамјан Цветановски. Во останатите улоги се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи. Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на „Медена земја“.

Можеби ќе ве интересира: