Музика на кирилица

Дина Јашари се вклучи на регионалниот проект „Femme nouvelle“

Главната задача на платформата „Femme nouvelle“ е да обезбеди што е можно поголемо присуство во медиумите за квалитетните кантавторки, да ја доближи нивната музика до критичарите и публиката и да ги поттикне да соработуваат, а нејзината основачка Лана Чулиг од Aquarius Records изјави за важноста од „издигнување“ на проектот на регионално ниво и професионалната награда:

„Како што проектот природно се роди пред четири години кога сцената беше преплавена со квалитетни домашни женски музички уметници, така и сега, сосема нормално, проектот стана регионални.Нашите женски музичари се наметнаа на регионалната сцена, а домашната сцена исто така дозволи во нивниот простор да влезат големи имиња од соседните земји.Покрај шесте одлични локални артисти, благодарни сме што Femme nouvelle има и тројца музичари од регионот под неговото име, Констрака од Србија, Муха од Босна и Херцеговина и Дина Јашари од Македонија. Проектот уште на стартот ги надмина сите наши очекувања, а особено сме среќни што годинава ја доби и наградата Порин, што најдобро кажува дека заедно со публиката, широката музичка сцена ги препозна и женските музички сили.“

 „Femme nouvelle“ традиционално ќе има свое издание во живо, кое ќе се одржи на 8 јуни во Vintage Industrial Bar, во најубавата градина во Загреб, каде ќе настапат Тара Талер, Нела и Тиа, како и некои други изненадувачки имиња, а дигиталната компилација ќе пристигне пред фестивалот. 

Можеби ќе ве интересира: